Skip to content

Сплотување

Две тела сплотени во едно
танцуваа во ритамот на нивните срца.
Воздишки, пот и љубовни звуци
излегуваа од нив како песна што свири на радио.
Нивната песна беше поубава,
љубовна и заносна која беше сведок
на нивното меѓусебно припаѓање.
Таа беше негова целосно,
ја разголи нејзината душа пред него,
додека тој беше гол пред неа,
без никакви задни намери и премолчени зборови.
Разголени еден пред друг
го свиреа најубавиот звук кој
излегуваше од нивните тела,
од нивните души.
Си припаѓаа како никому дотогаш,
две души со едно тело,
две тела и една душа,
се имаа еден со друг и ништо не беше поважно.
Најважна беше љубовната игра
која двајцата посакаа да ја играат вечно.

*наградена песна*

Напишете коментар