Skip to content

Да знаеше

Да знаеше што изгуби немаше до ова да дојде, но тој го одбра тој пат кој мораше двајцата да го изодат. Еден ден ќе ја бара, ќе му недостига три пати повеќе од тоа колку му недостигаше денот кога ја пушти да си оди. Нема место за каење, касно е за тоа сега. И кога пак ќе помисли на неа ќе го боли, ќе го заболи толку силно што ќе ја посака пак, но таа нема да се врати. Всушност, со секој изминат ден се повеќе помислуваше на неа, но гордоста го спречуваше да ја побара и да ѝ побара втора шанса. Се двоумеше, не знаеше дали таа ќе му прости и уште еднаш ќе го пушти во нејзиниот живот. Вредеше да се обиде, но со секоја помисла дека ќе биде одбиен се навраќаше од намерата. Времето си изминуваше, таа почна да го преболува, а тој се поинтензивно посакуваше да ја врати назад. На крајот, тој изгуби. Не беше тој кој беше повреден, но испадна дека патеше многу повеќе од неа. Да знаеше дека ќе го боли толку никогаш немаше да ја пушти во неговиот живот, но таа го болеше и ќе го боли сѐ додека дише.

images

Напишете коментар