Да бев малку поубава и малку послободна,
да бев посебна или макар од списание,
ќе имав храброст да го преминам вагонот,
и да те прашам како си.
Во мигов седиш пред мене
и не ни помислуваш дека поради тебе
го носам моето најубаво здолниште,
а додека те гледам дека заминуваш една кристална солза,
ги натопува моите образи.
Потоа, од ненадеж ме погледнуваш,
те гледам и воздивнуваш,
јас ги затворам очите, ти го тргаш погледот,
едвај дишам, станувам малечка,
и почнувам да треперам.
Потоа така минуваат деновите
од понеделник до четврток,
како што минуваат гулабите од поемата на Бекер
така и ние минуваме од станица до станица
а меѓу нас доаѓа и си оди тишината.
И тогаш се случува – се разбудуваат моите усни,
шепотејќи го изговараат твоето име.
Претпоставувам мислиш дека сум само просто девојче,
затоа од срам сакам да умрам,
но времето застанува
се доближуваш и ми кажуваш:
Дека не ме познаваш, а веќе ти недостасувам,
Дека секое утро го пропушташ својот директен автобус
за да влезеш во ова метро.
*****
Конечно пристигнуваме,
мојот живот се промени.
Преку миг стана посебен овој обичен 11 март.
Во мигот ми ја земаш раката, доаѓаме до тунел,
И се исклучува светлото…
Тогаш, со помош на рацете го наоѓам твоето лице,
Станувам храбра и те бакнувам,
Тогаш ти ми кажуваш дека ме сакаш,
А јас… ти го подарувам последниот здив.
Препев од шпански на македонски: La Oreja de Van Gogh – Jueves
http://rock.genius.com/La-oreja-de-van-gogh-jueves-lyrics
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.