Skip to content

Нирвана

Спокој
по кој трагам неуморно.
Борба со траење-доживотно.
Ќе ја постигнам ли некогаш или
ќе трагам по неа како бездомник по дом?
Го гледам својот одраз во огледало
тоа не сум јас,
јас сум многу повеќе од тоа!
Патник кој патува низ стрмни патеки
за да дојде до целта,
трагач по среќа и внатрешен мир,
девојка со детска душа и
скапа искреност, ете тоа сум јас.
Битие со чиста совест
и поради тоа мирен сон,
полно со ентузијазам и стремеж за
победа во секое поле!
Упорно и неуништливо битие
како феникс.
Непоправлив реалист
на страната на вистината
и правдата.

Напишете коментар