Skip to content

Соголување

Разголи ми ја душата,
за да го направам истото,
да се соблечам, а сепак да бидам облечена.
Благослов е да имаш некој покрај тебе
кој ќе те соголи без воопшто да те допре,
кој ќе те обори со збор,
кој ќе те стопли со насмев
и ќе те облече во неговиот мирис.

Разголи ми ја душата,
за да го направам истото,
да љубам повторно
како никогаш да не сум љубела.

Разголи ми ја душата,
за да го направам истото
да чувствувам дека
си припаѓаме еден на друг.

Разголи ми ја душата,
за да го направам истото
да се соблечам,  а сепак да бидам облечена.
Благослов е да имаш некој покрај тебе
кој ќе те почитува и цени поради тоа што си,
кој ќе те буди наутро со сонлив глас
кој ќе ти шепне на уво колку му недостигаш
и ќе те направи негова.
images

Напишете коментар