Skip to content

Кога веќе е доцна

Како што е доцна да го полееш цвеќето кога е исушено,
како што не можеш да го вратиш изговорениот збор,
како што не можеш да составиш парчиња искршено стакло,
така нема да можеш да ме вратиш мене.

И кога цвеќињата ќе пресушат пак некаде ќе се посадат нови,
и кога кажаните зборови силно ќе те здоболат,
кога парчињата стакло ќе паднат во заборав,
мене никогаш нема да ме заборавиш.

Кога ќе се покаеш за изгубената шанса,
кога ќе помислиш што изгуби,
кога ќе посакаш времето да го вратиш назад
ќе сфатиш дека е доцна.

Доцна е за каење, за вистини и причини,
кога изговорената лага е кажана,
кога болката е замината,
кога солзата е пресушена,
кога горчината е помината,
веќе е доцна.

Кога ќе се разбудиш и сфатиш
дека си го пропуштил утрото
доцна е да го чекаш изгрејсонцето.

images

Напишете коментар