Ќе ја видиш стуткана во некој агол со скршена насмевка која повеќе наликува на болна гримаса.
Заспива со солзи, а се буди со болка и сеуште надеж во себе затоа што секое делче од нејзината душа верува во среќа и во животот иако тој многупати ја изиграл. Нема да ја слушнеш да се жали, не си видел похрабра и поупорна тажна девојка. Нема да ти дозволи да ја повредиш затоа што била повредувана доволен број пати за да ја скрши уште нешто. Тешко е да ја сакаш најтажната девојка. Одвнатре мека како памук, однадвор цврста како карпа. Верувај, не сакаш да ја повредиш затоа што тебе ќе те здоболи три пати повеќе од нејзе. Ќе се каеш кога ќе замине, но нема да ја вратиш назад, премногу е искусна за да ја направи истата грешка по втор пат, Ќе бараш како неа, но нема да најдеш затоа што е оригинална, сите други се нејзина бледа копија. Таква е најтажната девојка на светот, со стотици причини за тага, но една најголема причина за радост-животот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.