Знаеш ли дека сите кои заминале од твојот живот го направиле тоа не затоа што не те сакале доволно, туку можеби затоа што те сакале премногу и не сакале да те повредат? Знаеш ли дека многу љубови кои биле можеби оние правите завршиле уште пред да почнат баш од стравот од напуштање? Ќе си речеш ако биле прави зошто завршиле или воопшто не почнале, но чудни се луѓето, како да бегаат од среќата или се плашат да бидат потполно среќни. Таква беше и нивната љубов. Навидум совршен пар, сѐ течеше како што треба, искри летаа на сите страни, уживаа во меѓусебното присуство, се разбираа, се љубеа, со еден збор беа створени еден за друг, а сепак одлучија да се разделат и да тргнат на различни патишта. Штета нели? Ќе си речеш за момент помислив дека сѐ уште постои вистинска љубов и таман ќе ти се подгори надежта и вербата во неа, остануваш изненаден колку луѓето не знаат да бидат среќни кога имаат можност и не ја искористуваат својата шанса кога е во прашање љубовта. Не знам дали станува збор за гордост, несигурност, страв од напуштање, љубомора или нешто сосема друго, но знам дека тие луѓе кои ја испуштиле вистинската љубов подоцна се несреќни и го имаат она чувство како нешто да им фали за да бидат комплетни сѐ додека не се помират со тој факт и продолжат понатаму трагајќи по друг извор на среќа. Кога љубовта не може да те направи потполно среќен како да пропушташ многу. Само оној кој пател од љубовна болка може повторно да ја доживее среќата која љубовта ја носи со себе било да е доживеана со единката поради која се патело или со некоја друга. Тој да знаеше колку ќе пати кога ќе ја пушти да си оди немаше никогаш да ја пушти. Таа да знаеше дека ќе биде замолена да не се вљуби немаше воопшто да дозволи да влезе во нејзиниот живот. Но, ниеден од нив не остана рамнодушен, ни поштеден од каење. Дојдоа до заклучок дека сѐ што се случи дојде спонтано, дека уживаа додека траеше и за среќа сѐ заврши уште пред да започне затоа што болката ќе беше поголема ако работите станеа ептен сериозни.
Да знаеше дека некој може толку силно да ти недостига, ќе постапеше поинаку.
Да знаеше дека некој може толку силно да се сака, ќе ја зачуваше.
Да знаеше дека некој може толку силно да те боли, ќе си ставеше фластер на срцето.
Знаеш, некогаш ни фластерот, ни времето ни било кој магичен препарат не може да помогнат во зараснување на раните.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.