Разбуди се, гледаш ли нешто?
Пред твоите очи се промени сешто.
По нешто трагаш, а не сфаќаш во нов лавиринт влагаш
и се губиш во својата илузија,
илузија на потсвеста
или само плод на твојата фантазија?
До каде ќе оди твојата имагинација?
Не ги слушај другите, многумина ти рекле.
Им веруваш?
Колку пати се претопи во сенката на твоето јас?
Си им рекол ли некогаш гордо: “не ве слушам вас?”?
И ти после битие ќе ми бараш?
Имаш ли цели?
Не им мисли лошо на другите, Библијата вели
Се придржуваш кон тоа?
Во други човечност барај, себе не се гледај
а, вина на тој до тебе предај
Свет ќе градиме,
од туѓи пари крадиме,
сами се лажиме.
Мачи се, учи, работи,
некој има пари.
Замини, за да си се спасиш,
бегаш од спомени, во пустелија викаш никогаш нема да се вратиш.
Ја навредуваш,
а, ти ја сочинуваш.
Услови ќе најдеш,
љубов и татковина дали ќе пронајдеш?
Остави, не е твоја вина,
реката повторно ќе остане сина,
можеш ли да ја промениш?
Сонувај, смеј се, живеј
Биди подобар.
Подобар денес од вчера и утре од денес!