Skip to content

„Записите за Џозефина“ (2)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Утрото осамна. Таа поспана.
Му се радуваше на секој зрак
што продираше низ полузатемнетиот прозорец.
Претходната вечер долго размислуваше.
Низ главата ѝ помина речиси цел живот
како на лента.
Ги редеше спомените како фотографии
во нејзините мисли.
Можеше да го наслуша чукањето
на сопственото срце,
а посакуваше до неа да има уште едно
и срцата да им чукаат во заеднички ритам.
Жедна за радост, гладна за љубов
пекол и рај истовремено беше Џозефина.
Ќе се задлабочеше и ќе отпатуваше
со своите мисли на егзотични дестинации
на потопли места од кај што се наоѓаше.
Во нејзиниот свет ѝ беше најубаво
а за да влезеш таму требаше да имаш посебна карта.
Не му дозволуваше на секому да биде дел
од него, од нејзиното прибежиште
скривниште и засолниште каде беше потполно своја,
единствена, среќна и комплетна.
Многумина се трудеа, се обидуваа, дури и молеа,
но таа својата тврдина не ја отвараше за секого,
ја чуваше како лавица своето лавче,
како детето својата играчка,
ја штитеше својата територија егоистично
недозволувајќи секој да биде дел од неа.
Не беше скржава, ниту алчна ниту себична,
не сакаше туѓо, а своето го бранеше од кое беше задоволна.
Скромна и тивка истовремено најгласна.
Можеби не кажуваше многу,
но нејзината тишина беше најгласна бука,
нејзината тишина можеше или да те здоболи
или да те усреќи, две во едно – Џозефина.
Можеби не беше најбогата,
но нејзината душа беше полна со добрина
од која можеше да се стоплиш само ако ти дозволи,
или да се изгориш, ако ја повредиш – Џозефина.
Можеби не беше најубава,
но нејзината привлечност пленеше
и оставаше без текст затоа што не можеше
да се опише таква ретксот – Џозефина.
Можеби не беше најпаметна,
но нејзините мудри зборови
не оставаа никого рамнодушен
допираше длабко и тераше на размислување – Џозефина.
Можеби не беше најсилна,
но нејзината цврстина и стабилност
можеа да поместат планина ако посакаше
можеше да направи и небото да се смее,
но и да плаче – Џозефина.

Напишете коментар