Skip to content

„Записите за Џозефина“ (9)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Се разбуди сред ноќ
од тешкиот кошмар
кој толку силно ја исплаши
што таа посака да имаше некој
до неа што ќе ја заштити.
Емотивна и емпатична,
не сакаше другите да страдаат,
а нејзините солзи кога беше тажна
не можеше да ги запре, просто течеа како река.
Не плачеше секогаш, но кога ќе ѝ надојдеа солзите
тоа значеше дека долго време била силна
и дошло време да си ја испразни душата,
но знаеше да ги задржи и да не покаже слабост пред секого.
Силна девојка со јасно поставени цели,
спремна да чекори по патеките кои животот ѝ ги сервира
или кои сама си ги одбира, сеедно.
Спремна за компромис и лесно прилагодлива
помирена со минатото, постоење и уживање во сегашноста
и планови и оптимизам за иднината.
Имаше сѐ, но кога го немаше него
како да немаше ништо.
Многумина ја посакуваа,
а во нејзините мисли беше само еден.
Сигурно им беше во мислите на повеќемина,
но таа со сигурност не знаеше кому е врежана во срцето,
а силно сакаше да дознае, па стрпливо чекаше.
Знаеше дека тој ќе се појави
и дека ќе ѝ го внесе ведрина во животот.
Беше прашање на време кога повторно ќе се роди,
ќе се почувствува жива и со уште поголема енергија
од онаа што ја имаше,
се надеваше дека тој е во близина
и дека има планови кои нема да останат само празни ветувања
туку дека ќе ги претвори во јаве
и нема да го чека вистинскиот момент
затоа што секогаш е вистински момент
признавањето дека некому значиш
и дека некој ти значи.

Напишете коментар