Беше ретка птица во цело јато
посјајна и од најскапото злато.
Беше најубав и најредок цвет
во неговата прегратка беше сиот нејзин свет.
Беше пеперутка шарена и смела
со него се чувствуваше цела.
Беше ѕвезда во ноќите што сјаеше
само таа да го насмее знаеше.
Џозефина беше причина за нечија среќа,
причина за непроспиени ноќи
затоа што спиеше во неговите мисли.
Како да ѝ беше убаво таму да престојува
беше чест гостин во неговата фантазија,
но не смееше таму да остане,
сакаше да се разбуди од мечтите
и да му биде исполнета реалност.
Како да сакаше да викне на цел глас:
„не сакам да патам повеќе јас!“
Есента ѝ го обои секојдневието,
како сликар кој црта на платно
и ја бои својата слика страсно
„ми недостигаш“ рече гласно.
Тогаш тој се доближи до неа
и тивко ѝ шепна: „ти си мојата есен,
а јас ќе бидам твоја ѕвезда во сите годишни времиња
за да те посматрам кога спиеш и
да те чувам во ноќите.“
„Тогаш јас ќе бидам небо,
за да можеме секогаш да бидеме заедно“,
рече Џозефина и му се фрли во прегратка.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.