Џозефина ги обожаваше патувањата,
посебно оние долги ноќни
кога можеше да ги набљудува ѕвездите
и да размислува на најразлични теми,
всушност тогаш и се раѓаа најдобрите идеи и одлуки.
Предизвик кој го доби без да сака,
подарок за кој требаше да биде благодарна,
шанса која ѝ беше дадена еднаш – нејзиниот живот.
Беше одлучна повеќе од кога било
дека сака да биде среќна,
но знаеше дека единствено од нејзе
зависеше нејзиното чувство за една хармонија
и благосостојбата на сопствената душа.
Го прифати предизвикот,
беше благодарна и реши да ја зграпчи
единствената и неповторлива шанса
недозволувајќи никој да ја спречи во намерата
и да ѝ го попречи патот.
Одлучна. Храбра.
Самоуверена и своја,
тоа беше Џозефина, не било која!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.