Мислеше тивко и длабоко
уживаше да биде сама со нејзните мисли,
ќе го кренеше погледот високо
да ја сака тој не можеше да го присили.
Мислеше тивко и длабоко
сама во ноќта темна
ѕвездите над неа се надвиснаа високо
да љуби конечно беше спремна.
Мислеше тивко и длабоко
во утрата што нова надеж носат
дека таа е вистинската
сакаше да знае.
Мислеше тивко и длабоко
во денот што се раѓаше
и кога месечината се издигнуваше
нејзе по една солца од очите и паѓаше.
Мислеше тивко и длабоко
кога сонот ја повикуваше
само еден лик пред очи и излегуваше
оној што беше причина за насмевка.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.