Како што растеше месечината
така растеше и нејзината љубов кон него.
Не беше лесно да ја освоиш,
но уште потешко беше да ја задржиш.
Како што ноќта се спушташе
така растеше светлината во нејзините очи,
а нему му шеташе во мислите
и му спиеше во срцето.
Како што денот се раѓаше
така растеше нејзината среќа
за која тој беше заслужен.
Посака да се облече во неговиот мирис,
да се соголи до гола кожа,
а да не соблече ни едно парче од нејзината облека.
Посака да се нарече „негова“
и секој ден да ѝ биде исполнет со среќа,
а не со болка и патење.
Посака да се измие во чиста љубов
да му припаѓа некому
како што тој требаше да ѝ припаѓа нејзе,
а не некому друг.
Посака да лее солзи радосници,
само во миговите кога ќе се сети на него,
тој да ѝ ја шепоти неговата музика,
а таа да го пишува текстот
и заедно да напишат песна на животот
која нема да има крај,
која ќе живее вечно,
која ќе биде бессмртна
и незаменллива!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.