Насмеј му се на денот, за и тој да ти се насмее.
Насмевни ѝ се на смуртената комшивка, за да ја збуниш. Да види дека светот и не е така лош.
Насмевни ѝ се на касиерката која те убива со поглед, на која чиниш сите бродови ѝ потонале, нека види дека сепак постојат светли точки и во најтмурниот ден.
Да бидеш причина за нечија насмевка е едно од најубавите нешта кои можеш да ги направиш бесплатно.
Оној кој умее да те насмее во најтешките мигови, вреди да си го чуваш покрај тебе.
Насмевката е израз на среќа, но и маска на тагата.
Насмвени се и зарази ги со твојата насмевка сите околу тебе.
Нека се прашуваат зошто се смееш.
Ако успееш да ѝ украдеш насмевка кога е најтажна, ќе успееш да ѝ влезеш во срцето.
Насмевката го продолжувала животот, тоа значи дека треба што почесто да се смееш, за да живееш колку што е можно подолго.
Биди среќен без некоја посебна причина, биди среќен поради тоа што си.
И бебињата им се смеат на насмеаните лица.
Смеј се без причина, ќе откриеш дека сепак постоела причина.
Покрај гушкањето и бакнувањето, насмевката е бесплатна и скапоцена работа која можеш да ја украдеш од саканата личност.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.