Skip to content

„Записите за Џозефина“ (27)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Кога месечината и морето се бакнуваа
во очите на Џозефина
се рефлектираше блескавата светлина
која беше заносна и незаменлива.
Кога дождот тивко паѓаше
ги миеше солзите на Џозефина,
а таа никогаш не беше сама со својата болка
затоа што заедно со неа и небото плачеше.
Кога сонцето изгреваше
во Џозефина нова надеж се раѓаше,
дека сепак постои среќа на овој свет
која се наоаѓаше длабоко во секого.
Не ја лути, затоа што ти пак ќе бидеш крив,
не ја лажи, затоа што сам ќе се излажеш,
не ѝ давај лажна надеж, затоа што ти ќе бидеш повреден,
не ѝ суди, не знаеш како е да си во нејзина кожа,
не ја сакај, ќе се каеш цел живот.
И кога ќе посакаш да ја заборавиш,
еден дел од неа секогаш ќе живее во тебе
колку и да сакаш да не е тоа така.
И кога ќе посакаш да ја прегрнеш
направи го тоа додека имаш шанса.
И кога ќе ти рече: „ми фалиш“
не ѝ викај „и ти мене“, туку прашај ја каде е
и појди види ја.
И кога ќе ти рече: „не ми е ништо“,
цврсто прегрни ја и речи ѝ дека
„што и да е, ќе помине“ без да ѝ бараш објаснување.
И кога ќе паднеше ноќ,
Џозефина секогаш од нејзиниот прозор
ги гледаше ѕвездите и си замислуваше по една желба,
замижувајќи и посакувајќи еден ден да ѝ се оствари.

Напишете коментар