Длабока приказна се криеше
во нејзините блескави очи
кои ја содржеа тајната
што таа вешто ја чуваше.
На нејзините усни
само неговото име се читаше,
а мислите му припаѓаа
на тој кој ѝ го крадеше сонот.
Веруваше во искрена љубов,
иако животот ѝ покажа
дека истата може
да биде многу болна.
Непоправлилата романтичарка
можеше да ја скроти само еден,
или дупло поромантичен од неа
или некој кој можеше да ја надополнува.
Таков беше тој,
со кој Џозефина беше потполно своја,
кој покрај сонот ѝ крадеше и насмевки,
а тоа сигурно беше патот до нејзиното срце.
Тој покрај кој и тишната ѝ беше прекрасна
тој, кој со неговите мали постапки
успеа да стане голем во нејзините очи!
Џозефина отсекогаш беше вљубена,
во животот, во малите ритуали
и во нејзиното секојдневие
кое знаеше да си го направи интересно.
Џозефина отсекогаш знаеше ненамерно
со нејзината појава да привлече внимание,
со едноставноста привлекуваше,
а со нејзината комплицираност
те тераше да ја запознаваш одново
и одново.
Да посакуваш да ја освојуваш,
секојдневно,
и никогаш да не се пожалиш
што си одлучил да ја имаш.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.