„Записите за Џозефина“ (31)
Свежо утро.
 Џозефина се разбуди пред изгрејсонце.
 Свежина во нејзините очи,
 во кои можеше да ѝ се прочита среќата.
 Се плашеше дека нема многу да потрае.
 Мирисот на првото утринско кафе
 се протегаше низ целата соба,
 а таа како по навика уживаше
 во секоја голтка која ѝ предизвикуваше задоволство.
 Кога сме веќе кај мирисите,
 најомилен мирис ѝ беше оној
 кога после цел ден изминат со тој
 мирисаше како него.
 Енергична и ова утро.
 Правејќи ги утринските вежби
 следена од длабока мотивација
 секое  делче од нејзиното тело
 се затегнуваше и добиваше облик
 онаков, каков што требаше да биде.
 Кога после тоа влезе под тушот,
 кое патем ѝ беше најомилено место
 за релаксација и уживање,
 со секоја капка вода пролеана
 на нејзините колкови и гради
 беше поблиску до рајот,
 затоа што миењето со чиста вода
 за неа беше терапија за душа
 исто како читањето поезија на омиленот поет
 или слушањето на некоја мелодија
 која ѝ беше мелем за уши.
 Ги заврши утринските ритуали
 и му се насмевна на денот.
 Со длабок поглед во далечините
 посигурна од било кога,
 порешителна од никогаш претходно,
 посмела во сите постапки,
 посреќна и позадоволна од себе од секогаш!
 Беше подготвена за успешен ден,
 затоа што само храбрите ги прати среќа.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

