Skip to content

„Записите за Џозефина“ (33)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Џозефина и овој пат го сонуваше
истиот сон: јасна блескава светлина
додека поминуваше низ тунелот
се издигнуваше пред нејзините очи
и ја заслепуваше.
Секогаш се пробудуваше
кога ќе дојдеше до таа ситуација.
Длабоко во себе веруваше дека
потсвеста ѝ праќа пораки,
па откако и по трет пат
блескавата светлина ѝ се појави на сон
одлучи да истражи малку повеќе
и конечно да ја открие мистеријата.
Светлината значи дека поседувате
способност да зрачите со сјај
во вашиот и животот на другите.
„Ова не било далеку од вистината“,
си помисли и на усните ѝ се нацрта насмевка.
Насмевка која значеше среќа,
а сокриваше многу работи
кои Џозефина ги чуваше за себе,
потсетувајќи ја дека конечно
го најде тоа што ѝ требаше.
Навистина таа беше светлост,
ако не во сечиј, тогаш барем во
животот на оние кои ѝ значеа
и на кои им значеше.
Сега кога конечно ја запозна среќата,
онаа вистинската,
посака никогаш да не ја загуби.

Напишете коментар