Допри ме со зборови,
пред да ми се населиш во срцево
разгали ме со поглед
пред да ме земеш во прегрaтка.
Прегрни ме и молчи,
нека ни се спојат световите
прегрни ме и молчи,
нека зборува тишината место нас.
На мојата тишина и треба твојата бука
за да бидеме целосни,
на мојата бука и треба твојата тишина
за да бидеме доволно свои.
Доволно свои за да бидеме сами,
доволно сами за да бидеме заедно,
доволно свои за да бидеме нечии
доволно сами за да бидеме едно.
И кога денот ќе се разбуди
освои ме со твојот сонлив глас
и кога ноќта ќе се спушти,
кога ѕвездите ќе го населат небото,
помисли на мене и посакај си желба
во тишината на темното време
и во светлината на ново утро,
посакај ме и дојди освои ме!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.