Сонуваше виолетов дожд,
каков што досега немаше видено,
огромни виолетови капки
паѓаа долж улиците,
додека таа лежеше долу на земјата
водена, среќна и изненадена,
остави дождот да ја измие
и да ја обои.
Кога почна да истура силно,
телото на Џозефина пливаше во
виолетова вода,
додека околу неа
се наоѓаа дрвја со виолетови лисја,
чиниш се наоѓа нацртана на лист хартија
од некое дете со бујна фантазија.
Се разбуди.
Сфати дека било само сон.
Се насмевна.
Сфати дека никогаш не се наоѓала
на подобро место во нејзините соништа,
дури ни во нејзините фантазии
не можеше да се опише
ваквото место
и чувствата кои преовладуваа
додека се капеше во виолетовиот дожд.
Помисли на него.
Се сети дека заедно го посматраа паѓањето на дождот.
Посака во сонот да беше и тој.
Но, не беше.
Тој беше дел од нејзиното јаве,
кое го правеше поубаво,
му даваше смисла
и го разубавуваше.
Таа беше остварување
на сите негови соништа,
па не можеше да му вети ништо повеќе
од нејзиното присуство,
поддршка, разбирање
и безрезервна љубов.
Помисли на него повторно.
Знаеше дека колку и да се далеку,
во мислите секогаш се заедно.
Џозефина не сакаше да ветува празни зборови,
можеа да мечтаат заедно,
со часови,
но со заедничка желба
дека нешто од тоа ќе се оствари.
Кога на крај успеа да го пронајде оној
со кој и тишината беше прекрасна музика
не сакаше да го изгуби.
Веруваше дека и тој го сака истото
и дека го слуша ритамот на ноќта
кој таа го слушаше секогаш кога беа заедно.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.