Skip to content

„Записите за Џозефина“ (38)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Запаметена засекогаш,
немаше човек кој лесно
можеше да ја заборави.
Дури и оние кои заминуваа
од нејзиниот живот
вечно ќе ја паметат,
сакале или не.
Оставаше траги,
се врежуваше длабоко
и влегуваше под кожа
многу лесно.
Оставаше болка зад себе,
понекое скршено срце
и скриени солзи,
на срцата кои патеа по неа.
Оставаше прашања,
понекои збунети лица,
но само таа го знаеше одговорот
кој многумина сакаа да го дознаат.
Немаше место за сомнеж повеќе,
пронаоѓајќи се себе,
ја пронајде среќата,
а, тој кого воопшто и не го бараше
и го покажа лицето
на вистинската среќа,
онаа која таа беше ја подзаборавила
или ја потиснала длабоко во себе.
Умееше да ѝ се наметне
на воопшто ненаметлив начин,
да ѝ го разубави денот
со само еден повик,
впрочем неговиот глас
беше она кое ѝ беше потребно
да го слушне за да ѝ се нацрта насмевка.
Знаеше како со неа,
таа знаеше како со него,
што ли беше уште потребно?

Напишете коментар