Skip to content

„Записите за Џозефина“ (39)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Една светлина секогаш светеше
кога Џозефина беше во прашање,
тоа беше сјајот во нејзините очи
блескав и впечатлив.
Еден лик секогаш беше присутен
во нејзините мисли,
тоа беше неговиот лик
кој за неа беше посебен.
Една мисла секогаш одзвонуваше
во нејзината глава,
тоа беше надежта
која никогаш не ја напушташе.
Една песна секогаш свиреше
во нејзиното срце,
тоа беше најубавиот ритам
кој имаше најубави љубовни звуци.
Една чистота беше собрана
во нејзината душа,
која не беше расипана
само повредена и напатена.
Една желба си замислуваше
секогаш пред да заспие,
која не беше недостижна
туку лесно остварлива.
Една тајна беше чувана
длабоко врежана,
што ли криеше
само таа знаеше.

Напишете коментар