Skip to content

„Записите за Џозефина“ (45)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Градот спиеше, но не и таа.
Се измачуваше со непотребни прашања.
Се обидуваше да го следи текот на мислите
или за момент да ги насочи на поведри теми,
но не ѝ успеваше.
Ретко ѝ се случуваше да заплаче без причина,
знаеше дека мора да постои нешто што
ѝ ги предизвикува овие чувства,
се обиде да го пронајде
и го најде.
Отсекогаш беше позитивна.
И во најмрачниот тунел
таа ја наоѓаше онаа светла точка,
и во најзлобниот човек
наоѓаше трошка човечност,
и во најлудата работа
се обидуваше да пронајде разум,
и во неискреноста
знаеше дека постои доза на искреност,
и во најтешките мигови
знаеше да се насмее,
и со насолзени очи
бараше причина за радост,
и во хаосот
знаеше да види ред,
и во тишината
слушаше врева,
и во вревата
знаеше да слушне тишина,
и во најголемиот студ
можеше да најде топлина,
и во неговите очи
се наоѓаше нејзиниот свет,
но, себе секогаш се гледаше
онаму каде што беше тој!

Напишете коментар