Желба за доминација
или одбивање покорност.
Владеј со своите мисли,
тие се тивки убијци.
Борејќи се за престиж
со замижани очи
полека потонуваш в бездна.
Испливуваш на површина
и одеднаш прогледуваш
со бистар поглед – отвараш очи и восхит!
Надежта ќе живее додека ја храниш,
а постои во секое делче од твоето тело.
Времето не постои,
туку само претставата за него,
не биди претстава, биди реалност!
Реткост ќе најдеш во толпата
само ако и ти си таков,
енергиите ќе се поврзат и
сродните души ќе се спојат.
Во свет на лаги
пробај да бидеш вистина,
во свет на недостаток од добрина
не ја храни злобата!
Патот на животот
ќе ти ја покаже насоката,
следи ги само знаците,
тие ќе те одведат на вистинското место!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.