„Капка во океанот“

images

Мала како зрно
кршлива и кревка
со очи полни сјај
и ранлива душа.
Мала како зрно
нежна и мека,
со срце полно љубов
и на него рана жешка.
Со поглед ќе ти каже
сè што ти преќутела,
со усни ќе ти објасни
колку те посакувала.
Ќе ти се насмевне кратко,
а тебе ќе ти огрее сонце,
ќе ѝ се насмевнеш ти,
ќе ѝ го поклониш сиот свет.
Ќе ти преќути илјада мисли,
а со една ќе те замисли,
а сè што ќе ѝ преќутиш
таа веќе го знае.
Те прави слаб во вистинско време,
а пак стануваш силен,
те прави храбар
за да можеш да ја чуваш.
Ја гледаш со восхит,
со очи ја впиваш убавината
и си викаш пред мене е светлината.
Бура од емоции ѝ носиш,
а таа тебе те вулканизира
сакајќи да те скроти,
а ти да ја распламнеш.
Место ѓердан носи твои прегратки,
место кармин твои бакнежи.
Ќе ја посакаш на полноќ
за да биде покрај тебе,
а таа само што те спомнала во мисли
издишувајќи го твоето име.
Ја гледаш и кога ја нема,
ја чуваш кадешто треба,
ја бараш во сечија сенка,
а ти си нејзин одраз
заспан во нејзините сни.
И градот ти е преголем
кога си без неа,
улиците се долги и празни
кога неа ја нема.
Ја најде во вистинско време,
нејзиниот пат се спои со твојот
и продолжувате да чекорите заедно
непобедливи и неуништливи,
сплотени и среќни.
Таа ти ја даде слободата,
а ти ѝ даваш простор,
две души споени и одвоени,
а пак сте како едно.
Ти ѝ даваш внимание,
а таа ти го поклонува нејзиниот свет
кој е дел од океанот
од кој таа е само една капка.
Чувај ја како капка на дланка.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели