Skip to content

Таа ме научи

soul

И кога би имал можност
повторно да се родам,
јас пак би ја одбрал неа
затоа што ме научи дека
трпеливост не е веќе непознат поим,
дека среќа е секогаш кога успевам да ја насмеам,
дека далечината не се брои во километри
туку во часовите на осаменот кога таа ми недостига
дека соништата можат да станат јаве
само ако цврсто веруваш во нив,
дека болката е многу поиздржлива
кога ќе ја споделиш со личност што ти значи,
дека осаменоста боли и пече
повеќе и од физичка рана,
дека вистински може да ти значи
само една личнот,
онаа која ти се пикнала под кожа,
онаа на која помислуваш пред да склопиш очи.
онаа која сакаш да биде покрај тебе во секој миг,
онаа со која сакаш да градиш иднина,
онаа која може да те изнервира до болка
и да те излечи од нервозата со само еден поглед.
И кога би имал можност
повторно би ја одбрал неа,
повторно би.
Затоа што ме научи
дека надежта извира од самите нас,
треба само да ја оживееме,
дека искреноста човекот го краси,
а нејзе таа ѝ е круна,
дека човек може да се заљуби
во нечии очи,
како што таа е вљубена во моите,
дека човек може да се заљуби
во карактерот,
како што јас му се восхитувам
на секое нејзино размислување,
како што ме воодушевува
секогаш кога ќе ме насмее,
како што ме прави важен
со самото нејзино присуство.
Ме научи како е да бидеш свој
во толпа со лажни луѓе,
како е кога си стоиш на збор
кога сите останати си го погазуваат,
како е кога си оригинален
и ничија копија.
Ме научи како е
кога ти фали само една личност,
а околу тебе има десетина други,
кога ти фали само еден поглед
што смирува и истовремено
разпламтува оган
кој гори долго, долго.
Ме научи дека
музиката има потполно друга димензија
кога ја слушаме заедно,
дека секоја песна што ја имаме споделено
секогаш кога ќе ја слушнам
ме потсетува на неа.
Ме научи дека
никој не е ничија сопственост,
сите сме еднакви и посебни,
свои и ничии,
а само нашата душа припаѓа некому,
некому кому можеме да му се довериме,
некој кој мисли на нас во исто време
кога ние мислиме на него,
некој кој ги знае сите наши потреби,
а ние ги знаеме неговите,
некој пред кого сме целосно опуштени
покрај кого сакаме да го поминуваме времето…
Тогаш нашата душа кога ќе ја најде сродната
со сите делчиња од целото тело
посакува никогаш да не ја изгуби,
а и не би требало, ако е вистинска.
Знам дека е вистинска,
затоа што таа ме научи
дека сродна душа навистина постои,
пред да ја сретнам не ни знаев
дека некој можел толку да ти биде драг.

Напишете коментар