Skip to content

„Записите за Џозефина“ (62)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Живееше во чуден свет,
навидум модерен и напреден,
ама студен.
Ладно им беше во душите,
луѓето отуѓени едни од други
како да се натпреваруваа
кој попрв ќе му забие нож на другиот.
Тоа ја повредуваше многу,
неправдите ја болеа,
а тажните судбини
често знаеја да ја расплачат.
***
И вечерва беше од оние ноќи
кога стуткана под ќебето
вдишувајќи го чадот од миризливата свеќа
размислуваше за животот,
за тоа како може да се промени
со само еден настан,
со само еден допир,
со само еден чекор
или со само еден поглед.
Животот беше чудо
или чудо на природата,
природата беше живот
и така во круг.
Чуда се случувале,
ама траеле три дена,
кое ли чудо треба да се деси
за да се запамети за три века?
Замислуваше како времето брзо лета
и колку работи се сменија,
а колку допрва работи треба да се случат
и сменат.
И беше подготвена за нив.
Викаат дека оној кој ризикува
нешто и ќе изгуби, ама нешто и ќе добие,
но оној кој воопшто не ризикува
ниту ќе добие, ниту ќе изгуби.
Таков ти е тој принцип,
вложуваш, за да добиеш,
даваш, за да ти биде дадено
во спротивно, немаш што да изгубиш.
Сакаше да заспие со мирна совест,
викаат таа била најубава перница,
и секогаш тоа ѝ успеваше,
затоа што знаеше дека
нејзините мисли се чисти
и никому не посакуваше зло,
честопати знаеше да рече
дека секој ќе го добие
она кое му го посакува на другиот,
па затоа што кармата си ги делеше даноците
оставаше на неа.

Напишете коментар