Љубител сте на кафе?
Уживате во добра шолја кафе безразлика дали го пиете сами или во друштво?
Имате потреба од внесување на кофеин секојдневно и не можете да функционирате ако не ја задоволите потребната дневна доза од кофеин?
Некои од нас денот го започнуваат со една шолја топло кафе и потоа се спремни да им се препуштат на дневните активности.
Познато е дека студентите кои остануваат будни до доцна во ноќта го користат кафето како стимуланс кој им помага да се сконцентрираат и да се расонат. И вие спаѓате тука?
Сеедно, какво и да го пиете, со млеко или без, благо или горко, ако сте зависник од кафе ќе ја разберете љубовта кон истото, а и уживањето во самиот ритуал на подготвување.
Мирисот на кафе за некого е извонреден (вклучувајќи ме и мене), ама има и од таквите кои не конзумираат воопшто. Како можете? 🙂
Безразлика дали сте кафе-зависник или само обичен љубител на кафето, денес е национален ден на истото.
По тој повод, го постирам видеово во кое убаво е објаснето како кофеинот ни делува, зошто остануваме будни, зошто ни ги зголемува адреналинот и енергијата, го зголемува лачењето на невротрансмитерот допамин, но во видеото се спомнати и штетните ефекти од претерано конзумирање.
Погледнете во краткото видео:
http://https://www.youtube.com/watch?t=1&v=UMqqYMH9EWs
https://en.wikipedia.org/wiki/International_Coffee_Day
https://en.wikipedia.org/wiki/Coffee
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.