Поезија

Под маската

Вешто се сокриваа зад маската
која откриваше повеќе отолку што сокриваше,
дволичноста им беше нацртана
како трајна тетоважа од која не можеа да се ослободат,
јазикот им беше побрз од умот,
а умот ретко го користеа
кој им беше како заборавен предмет
за чие постоење сме подзаборавиле.
Не можеа вечно да се кријат под лажен превез,
злобата од која се хранеа
ги издаваше,
лицемерието ги одржуваше во живот,
но, полека ги носеше во бездната.
Ги издаваше погледот
во кој им се читаше намерата
додека се обидуваа лажно да се смејат,
безуспешни им беа обидите
да глумат лажна љубезност,
многу подобро глумеа добрина.
Вешто се сокриваа зад маската,
под неа ги криеја солзите,
тагата ја правеа поднослива,
недолжејќи објаснување никому.
Чиниш реалноста е маскенбал
секој можеше да биде што сака,
да се глуми себе,
а притоа сокривајќи ги емоциите
под удобноста на скриените
и премолчени чувства,
колку е удобно таму,
само најдобрите глумци знаат.

download

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје