Лице од стакло
Ја гледаш неа, како да се гледаш себе, го бараш сопствениот одраз во нејзиниот лик. Гледаш младост, сјај и ведрина, жар што тлее и не згаснува. Еден ден стаклото ќе се скрши а сјајот ќе го снема, ќе останат само парчињата, скршени. Ќе ти направат рана, ќе те убијат, а пак ќе бидеш жив, ќе те расечат, а крв нема да протече, ќе те здоболат, а нема да испуштиш крик, ќе те ранат длабоко, а лузната нема да се гледа, затоа што е скриена, закопана длабоко, нечујно и невидливо, те боцка, ти го скококта телото, те гребе, ти ја црпи енергијата, за ти пак да си жив, а како да не си. Да се чувствуваш жив, кога низ лузната тече нејзина крв, да земеш здив и името нејзино да го издишеш, да замижеш и очите нејзини да ги видиш и никогаш да не заборавиш како изгледа тоа лице од стакло.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.