Немаш ништо свое,
сѐ ѝ припаѓа нејзе,
а пак си свој.
Ја викаш моја,
зошто знаеш дека е твоја,
а таа не била повеќе своја.
Тишината е најсилниот женски плач,
но и најчујна машка ладнокрвност.
Немаа што да изгубат повеќе,
не се плашеа од ништо
колку од осаменоста
која сакаше да се вовлече
онаму кај што беше најмалку
посакувана.
Тишината одговор
кој многумина ги заплашуваше
која им ја смрзнуваше крвта
и им го одземаше здивот…
Ќе ја чуваш како најнежно цвеќе
што расте во градина,
многумина ќе сакаат да го скинат,
а таа се одлучува да расте
само во твојата градина.
И не си свесен што имаш,
не сѐ додека не го изгубиш,
туку додека тоа што го имаш
не одлучи дека заслужува подобро
и не ја сфати својата вредност во целост.
За некого никој и ништо,
за неа цел свет,
не дозволувај да ѝ го срушиш светот,
зошто ќе се срушиш сам.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.