Skip to content

„Записите за Џозефина (74)“

Странец во ноќта.
Крадец на туѓи погледи.
Ќе се плашиш да ја изгубиш.
Да не ти стане странец.
Зошто само на ноќта ѝ веруваше.
Се одмараше душевно
во нотите на тишината
и вдишуваше од звукот на темнината
издишувајќи спокој.
Странец во ноќта.
Не дозволувај да ѝ постанеш странец.
Кога веќе не си она што си била.
Кога веќе не си онаа истата.
Си созреала.
Затоа само на ноќта ѝ веруваш.
Таа никогаш нема да те издаде.
Странец во ноќта.
Тој ѝ завидуваше на ноќта.
Не затоа што Џозефина толку многу ја сакаше.
Затоа што само нејзе ѝ веруваше.
А, се правеше дека му верува и нему.
Сакаше да верува дека им верува на другите.
Ама пак ноќта секогаш победуваше.
Како сведок на секоја тивка мисла,
како чувар на секоја солза пролеана,
како слика на која можеше да си го види ликот,
како заштитник што ја чуваше без да изусти збор,
како желба што се исполнуваше,
секоја вечер одново и одновно.
Чуваше огромен куфер полн со соништа.
Завиткана во прегратките на своите мисли
си посакуваше да е покрај него,
место мисли неговите раце да ја обвиваат,
а ноќта тоа будно го следеше.
Ноќта ѝ должеше многу непроспиени часови,
а таа упорно ѝ простуваше,
и продолжуваше само нејзе да ѝ верува,
зошто никој не ја разбираше подобро.

maxresdefault

Напишете коментар