Skip to content

„Записите за Џозефина (75)“


maxresdefault
Сонуваше како еден бел како снег гулаб 
 ѝ слета на рамо.
 Почна да се врти околу неа.
 Тогаш истури силен дожд.
 Гулабот летна и Џозефина го изгуби од видот.
 Целата намокрена зачекори во градина со рози.
 Трчаше низ цвеќињата со намокрена коса.
 Одеднаш дождот престана.
 Џозефина почна силно да се смее.
 И тогаш се разбуди.
 Силно светнат зрак влезе низ нејзиниот прозор.
 Знаеше дека веќе утрото го преспала.
 Знаеше и дека ова ќе биде убав ден.
 Прекрасното сонце тоа ѝ го наговестуваше.
 Мораше да го искористи убавото време.
 Се замисли себе десет години подоцна.
 Дали ќе има вакви преспани утра како денешното?
 Дали ќе има со кого да ужива на сончевите денови?
 Знаеше само дека времето ќе ѝ покаже.
 Цврсто веруваше дека нема да биде сама.
 Ќе биде некој покрај неа.
 Некој кој ќе ѝ покаже дека секој ден е убав.
 И дека дождливите денови знаат да бидат забавни.
 И дека вреди да имаш покрај тебе некој
 кој ја препознава твојата вредност.
 За момент се сети дека долго време е занесена.
 Патувањето во иднината секогаш беше долго.
 Но, повеќе ја ценеше сегашноста 
 и сакаше да биде присутна тука,
 но понекогаш им дозволуваше на мислите да одлутаат.
 

Напишете коментар