Skip to content

Праклуч – Радован Павловски

Радован_Павловски

Зад сѐ сум сѐ
Пред сѐ сум се. Носам клуч носам удар.
Стап тера патишта, фрла во ветер
семиња од бисаѓи
Многу мои деца богови изгинаа
Богинките во нова љубов се осеменија
Метеорите дел се од телото на клучот
што го изрешетаа
уште подобро да дише
уште подобро да пее
Во ниедно доба, а во сите доба
Сѐ што расте во мене ме чека
Во ниедна куќа, а во сите времиња
Во ниедно јајце, а во сите соѕвездија
Во ниеден клуч, а во сите клучеви – клуч
Ред зборови ред свеќи окаменет потоп.

Извадок од: Поезија II 
НАША КНИГА СКОПЈЕ 1986

Напишете коментар