Skip to content

Записите за Џозефина (82)

large

Ти, која не се измори од мене,
ти, која си неуморна,
ти што молчиш, а погледот ти зборува,
ти тивка, а најгласна песно.
Ти, која се правиш ничија,
ти, која си цела моја,
ти што си цела своја,
ти мирно, но најразбранувано море.
Во ноќи без сон
ти, која најмногу ми требаш,
во ноќи без сон
ти, што ми будиш несоница.
Во ден без сонце,
ти, која лик ми огреваш,
во ден без сонце
ти, што со насмев ме грееш.
Носиш камења на гради,
ти, која уриваш карпи,
носиш тага во очи,
ти, што плачеш сама.
Секогаш си ти,
ти, која се смееш,
ти, што плачеш,
секогаш си ти.
Само месечината знае
сѐ што не си ми кажала,
само месечината знае
сѐ што си ми била.
Само јас знам што си ми,
никоја што не може да биде,
само јас знам која си,
сѐ што ниедна не е.

Напишете коментар