Skip to content

Лажни погледи

eyes

 

Не го познавам тој поглед повеќе. Некогаш беше полн со топлина, а сега се заледил. Погледот кој можеше да помилува сега може да те расече…
Лажно е сѐ околу мене. Лажни се погледите, лажни се насмевките. Лажни сме ние.
Насмевките кријат подлабоки приказни, а некогаш се обидуваат да ја сокријат тагата.
Која е приказната зад твојот лажен поглед? Помалку од топол, повеќе од тажен, сепак е лажен.
Зошто ниту еден поглед не здоболува толку силно колку тој кој некогаш ти ја галел душата?
Да допре до душата не може секој, а ти допре до неа со тој лажен поглед. И ја расече. А, претходно ја галеше. Колкава суровост можел да скрие еден таков поглед, не сме свесни. Не сме свесни зошто ретко се обидуваме да им читаме од очи на другите.
Кога ќе погледнеш подлабоко во нечии очи и ќе го прочиташ тоа што тие го кријат, многу е веројатно дека ќе откриеш очи кои лажно те гледаат.
Не е потребно да те гледаат такви очи запомни, можеби некаде се кријат такви кои едвај чекаат да те погледнат со сета нивна искреност и чистота.
Ти со каков поглед ги гледаш другите? Со каков поглед го гледаш светот? Со каков поглед ќе се разбудиш утре? Со каков поглед ќе го пречекаш денот?
Немој да биде лажен. Нека биде секаков само без презир, злоба и лага. Нека биде оптимистичен. Нека биде светол. Само не, лажен.                                                                    Кога лажеш во очи ли гледаш?

Напишете коментар