Записите за Џозефина (88)

large

Џозефина

 

Златен ден со бисери осветлен,
со убава мисла почнат,
со насмевки збогатен,
со златни сни обоен.

Секој нејзин ден нов предизвик,
со широко отворени раце пречекан,
секој нејзин ден нова шанса,
со промислена одлука прифатена.

Секоја нејзина солза,
со негови прсти избришана
секоја нејзина насмевка
со негови усни покриена.

Секоја нејзина победа
со пот и труд заработена,
секој нејзин успех
со сопствен влог остварен.

Секој нејзин неуспех
со надеж за нова шанса проследен,
секој нејзин пораз
е шанса за нов обид и нова победа.

Златен ден со бисери осветлен,
со горко црно кафе почнат,
со мирис на свеж воздух збогатен,
со златни сни обоен.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели