Skip to content

Записите за Џозефина (91)

josephine

 

Перото со кое го пишуваше својот роман
цврсто го држеше и не го пушташе,
перото со кое го пишуваше својот роман
беше највредното нешто што го поседуваше.

Во романот самата беше главен јунак,
ама и други имаа главни улоги,
но никогаш не дозволи
таа да биде споредена улога.

Улогите секогаш ја предизвикуваа,
ја тераа да биде посилна од што беше,
ја носеа кон нови откритија,
ја бодреа да се истражува
чиниш е неоткриена планета.

Неоткриено богатство се криеше во неа,
а Џозефина секој ден беше се побликсу
до негово целосно откритие,
до пронаоѓање на нешто вредно
кое живот ќе ѝ значи.

Напишете коментар