Утрото носи со себе нови шанси.
Ноќта што видела,
утрото може само да претпоставува,
на што била сведок ноќта
утрото никогаш не може да биде.
Утрото носи со себе каења,
а ноќта е сведок на тоа што претходело,
утрото било попаметно од ноќта,
затоа и се кае.
Џозефина не можеше да се одлучи
кое од овие повеќе го сакаше.
Двете имаа свои посебности во кои знаеше да ужива.
И двете имаа тишина, подеднаква, но сепак различна.
Утринската тишина беше позрела,
додека ноќната беше дива и понекогаш болна.
Утринската тишина беше ветувачка,
додека ноќната те тераше на сомнеж.
Утринската тишина беше брзо исполнета со мирис на кафе,
додека ноќната со воздишки и мирис на испотена кожа.
Утринската тишина носеше со себе ноќни спомени,
а ноќната тишина ги правеше спомените.
И секогаш во ноќите пред да склопиш очи,
заблагодари се тивко за денот што изминал
и биди спремен да го дочекаш новото утро.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.