Песна од измешани букви
чиниш е салата од зборови,
со скриени мисли
и неодгатнати пораки.
А, што ако се само празни редови?
Зборовите ако не се салата,
туку цело парче леб
од кое желудникот се храни,
а мозокот од нив се полни.
Тешко е да пишуваш со празни зборови,
но тие некогаш најмногу вредат…
Бегам од празнини,
а празнини создавам,
за да пронајдам една целина
која сама ќе ја створам.
Низ прстиве ми се слизнаа
овие букви,
а не сакав да ги пуштам,
не сакав…
И дождот создава бувки
на мојот прозор,
само неговата азбука не ми е позната,
сепак знам што ми пишува.
И ти си ми познат,
познати ми се твоите букви,
но ако азбуката не ни е иста,
нема да можеме да се разбереме.
И ти почна да пронаоѓаш смисла?
Залудно ја бараш.
Ќе се изгубиш барајќи ја.
Тука е, но скриена е.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.