Skip to content

Записите за Џозефина (99)

josephine

Надежта за подобро утро секогаш ѝ спиеше на рамо,
желбата за посреќна иднина никогаш нема да ѝ згасне,
а таа секој ден се трудеше утрото да ѝ биде подобро од претходното
и иднината да си ја направи посветла.

Никогаш не знаеш што те чека во потполност,
ама знаеш ти што чекаш и што би требало да те чека
во меѓувреме додека се бориш со неизвесноста
и се справуваш со незнаењето.

Надежта за помирен свет и живот без болести и злоба не ја напушташе,
желбата за чиста и здрава околина ја имаше од мали нозе,
а таа секој ден се обидуваше да придонесе за поздрав свет
и почиста и поздрава околина.

Не беше светец ниту Господ,
но беше доволно голем човек
и пред сѐ обичен смртник
за да може да посака нешто спротивно од ова.

Напишете коментар