За позитивните ефекти од читањето книги може да се каже многу. Сите љубители веќе добро ги знаат придобивките од читањето, но дали ги зневте следниве факти поврзани со книгите? Прочитајте ги во продолежние!
1. Владимир Набоков ја напишал Лолита на листови додека патувал низ Америка и собирал пеперутки.
2. А неговата жена Вера подоцна го спречила за да не ги запали истите тие листови.
3. 50 нијанси на сиво е најпродаваната книга на сите времиња во Британија.
4. Пред да ја напише книгата Кодот на Да Винчи, Ден Браун бил поп музичар.
5. Кафка замолил некој свој пријател да ги запали сите негови дела. Процес, Замок и Америка се испечатени против негова волја.
6. Алиса во земјата на чудата била забранета во Кина поради животните кои зборуваат.
7. Големиот Гетсби за малку ќе се викал Под црвената, белата и сината.
8. Шерлок Холмс е најчесто прикажуваниот лик на телевизија и филмови.
9. Во Гуливеровите патувања се опишани сателитите на планетата Марс и тоа некои 100 години пред информацијата да биде потврдена од страна на астрономите.
10. Чарлс Дикенс jа напишал Божиќната приказна за само шест недели.
11. Гордост и предрасуди првично се викала Први впечатоци.
12. Робинзон Крусо е првата англиска новела.
13. Шекспир е познат по смислувањето зборови. Дел од зборовите кои ги смислил се: гласина, побрзај, шампион, зависност и многу други.
14. Џокер требало да умре уште во првото издание на стрипот Бетмен.
15. Маркес никогаш не дозволил да се сними филм според Сто години самотија.
16. Првата рачно напишана Библија чинела осум милиони долари и биле потребни дванаесет години за да се заврши.
17. Првата јавна библиотека во Америка била отворена во Чарлстон, Јужна Каролина, во 1698 година.
18. Стинг ја напишал песната „Every Breath You Take“ на истата работна маса на која Иан Флеминг ги напишал книгите за Џејмс Бонд. Работното биро се наоѓало во вилата „Флеминг“ во Јамајка.
19. „Bibliosmia“ – збор кој означува уживање во мирисот на книгите.
20. Луѓето во Индија се најголемите љубители на читањето во светски рамки, поминувајќи во просек 10 часа неделно во читање.
Дел од податоците се преземени од:
Сакам книги
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.