Занимливости и информации Културни настани

„Сиво сјаат вселените” од Стефан Марковски

Сиво сјаат вселените е втората поетска книга од Стефан Марковски објавена во 2016 год., после „Ин номине“ во издание на „Македонска реч“.
Вчера на 22.12.2016 во Скопје беше оддржана промоцијата на четвртата по ред збирка „Сиво сјаат вселените“. Со оваа збирка Стефан ја освоил и наградата „Бели мугри“ за 2016, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35 години.
„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси и има 85 страници.
Промоцијата на поетската збирка се одржала во рамки на традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на Кочо Рацин.

Telegraf пишува:
„Во полната сала Марковски изјави дека му е чест што е добитник на традиционалното признание именувано по една од најзначајните и најинспиративни поетски книги во македонската книжевност и порача дека ќе продолжи да чекори со истиот творечки немир и верба во моќта на поетската реч, чувствувајќи ги поезијата и книжевноста како фундаментален дел од сопствениот идентитет. “

промоција_Стефан_Марковски.jpgСликите се преземени од: Телеграф

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје