Skip to content

Поле од памук

cotton

Чекорам по памук
на меки полјани од бели пердуви,
каде се среќаваме во мислите,
и избледуваме за миг.
Памукот од усните помек не е,
ни поголем од жедта која во нив се крие,
ни посладок од бакнеж на чело за добра ноќ
кој шепоти тивки и нежни приспивни песни.
Чекорам по памук,
помек и од прамениве од косава
која ми паѓа на рамена
и понекогаш ми го прекрива ликот,
прекривајќи ги и солените лузни
од претходната вечер.
Памукот од усните помек не е,
ни потопол од допирот на две тела
ни посилен од прегратка
што спојува два светови.
Пишувам со перо од памук,
и мастило боја венова,
со печат од жив вулкан
што чука меѓу градиве
имитирајќи незапирлив часовник
кој ќе чука вечно,
и после мене.

Напишете коментар