- Време за рецитација!
Сега е на ред Ацо Шопов
Слушнете ја тука:
- https://soundcloud.com/lightnessindarkness/atso-shopovaco-sopov-treta-molitva-na-moeto-telotreta-molitva-na-moeto-telo
- Што си: девојка, жена, мајка? Што си
- ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
- телото мое, молитвено што клечи.
- Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
- Што си: девојка, жена, мајка, што си?
- Што си ти застаната со спокој темен
- пред ова тело чиј глас со виј го гони
- ветрот што лута, под тајни небосклони,
- чиј глас е жед и виј на вијот земен.
- Што си ти застаната со спокој темен?
- Што си: девојка, мајка, жена
- ти – скаменета пред влезот на овој храм
- со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
- па ова тело возвишено го крена.
- Што си ти: девојка, мајка, жена?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.