Парадокс – Наталија Наумовска (рецитација)

Во прозорец од среќа ѕиркаме,
а собата облеана со мрак,
дење се обидуваме да се смееме,
ноќе се обидуваме да не плачеме.

Со далгите на ветрот се бориме,
низ разбранувано море пловиме,
едрата сме ги распнале,
а почнуваме да тонеме.

Заборавот не го испраќаме
како сонот што не ја напушта мечтата,
како зборот што го прогонува поетот,
како мислата која те следи насекаде.

Во парадокси и заблуди нуркаме,
а себеси грешка потешко си признаваме,
лага која е половина вистина
и вистина што некогаш била лага…

The-Ellsberg-Paradox1

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?