Надвиснале дните расцветало и Сонцето во алеата на денот; нечии спомени се сладат во името на сите пожелници на пленот. Те имаат прегратките со твоето друго тело пред црвје да ја изораат рамницата на сенката им во името на онаа во која зората отпочива. In nomine patri снагата мисла сама ќе е – мислиш потем си ја кроиш судбата со конци од сончевина блажена од ветрот што те доплови довде. Умот век ти е со ум в бездни си се нурнал а мавташ со крила од цветови небаре запливан во утроба. In nomine filii расцветано Сонце ти ги пара градите ти низ вкусот на одамна изгубени ружи ја осознаваш страста на Универзумот. Во лулка на својата благодат тајната негова те распнала на леден ѕид од солзи. Трепер през искушенија но и елан те водат о душо непроспана о, сенко извајана немир! Телото – развеан јарбол те плови меѓу Сцили и Харибди од мечти. Чуј ги и ќе сетиш зраци злостор и сонце болка. In nomine spiritus sancti виорта на мечти цут ти е. (Под свод од плодот од својот злород го роди својот пород.) Создателу на сни од живот факли ти ја втерале желбата да си меѓу нас. Разгор од сто огнови е твоето зрно живот в утроба од небеса. Од твоето семе денот станува храбар да ги види своите злоради сенки и близнаци. *** Секоја непребол, о, татко на сите сни ѕвезден пат од сенки е и секоја солза на врвот од твојот зенит калем божилаци во нашите земски лица од небо. Сонцето е поглед во окото на мирот; облаци ја бараат суштината на сите тајни ти ја отвораш прегратката кон она што нè чека. Се пијаниме од мирисите на две желби и стотина капки сончев лач излиени в стакла од стремежи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.