Одајата во која со катанец ги чуваш,
Да не ти избегаат, заклучени
Амбисите во кои запаѓаш
Јавајќи во сонот
Ангели со скршени крилја
Никогаш не паѓаат,
А, ти секогаш паѓаш на исто место,
Тебе амбисот ти е душата
А, таа напатена
Јамка околу вратот си врзала
Небаре немала излез,
Излегува на светлина
Тогаш, го пронаоѓа спасот во себе,
Ене го!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.